Болничкото лекување за туристите кои ќе заболат од Ковид 19 за време на нивниот престој во Црна Гора ќе биде бесплатно, ќе има и можност за бесплатен ПЦР тест, а сите хотели ќе издвојат 10 проценти од сместувањето за можни случаи на ковид, објавија црногрските медиуми.
Границите на Црна Гора се отворени за граѓаните од регионот и неколку источноевропски земји, но и тие, како и црногорските граѓани, имаат забрана за меѓуградски сообраќај за време на викендите и секоја вечер од полноќ до пет наутро.
„Оваа забрана за меѓуградски сообраќај важи и за туристите“, објасни министерот за здравство во Владата на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Бојовиќ, зборувајќи за епидемиолошките мерки.