Карпа во форма на слон – креација на природата е дел од карпеста формација на архипелагот Вестмански Острови, сместен на околу седум километри од јужниот брег на Исланд.
За да го видите ова природно чудо, ќе треба да изнајмите автомобил и да одите во обиколка на Вестманските острови, до кои се стигнува со траект. Кога ќе пристигнете, ќе ви треба уште еден час патување со брод за да ја видите.
Вестманските острови се состојат од 15 острови и 30 морски гребени создадени од вулканска подводна активност. Најголемиот и единствен населен остров Хејмај зафаќа само 13 квадратни километри, а карпата во форма на слон е само една од многуте величествени работи на кои ќе можете да им се воодушевувате.
таа ги фасцинира посетителите бидејќи наликува на глава на џиновски слон кој е до половина во вода и изгледа како да се обидува да ја задоволи својата жед од водите на Атлантскиот Океан.
Она што ја прави карпата уште пореална е фактот дека таа е целосно формирана од базалт – поради што изгледа оригинално, како збрчканата „кожа“ на слонот.
Се верува дека карпата во облик на слон настанала за време на една од бројните ерупции на вулканот Елдфел. Последната беше во 1973 година, кога требаше да се евакуира целото население на Хејмај, иако самата карпа е постара.
Меѓутоа, таа катастрофа создаде нови туристички атракции кои се натпреваруваат со „Elephant Rock“ за популарност.
Друга причина да ги посетите овие острови е можноста да гледате птици и китови. Имено, ова е дом на арктичките морски папагали.