На социјалните мрежи се појави хит апликација за работа, напишана од 29-годишната Ана. Прочитајте ја нејзината креативна молба до крај, веројатно ќе се изненадите позитивно.
„Ако од нешто се уморив тоа е од постојано пишување стандардни молби за работа бидејќи со нив досега не ме ни повикаа на интервју за работа за местата на кои аплицирав, а не пак да ме вработат. Сега Ви пишувам од срце и она што навистина сакам да го напишам, не само за да го пополнам формуларот.
Токму поради тоа ќе пишувам како што ми одговара, што не значи дека сум неписмена, бидејќи сето тоа знам да го напишам и точно и правилно, но ова е вистината. Па, која сум јас? Јас сум жена на речиси 29 години. Мајка сум на две деца на девет и пет години.
Да, добро прочитавте, девет и пет. Тоа е точно! Станав мајка кога имав помалку од 20 години. Ја прославив и мојата деветта годишнина од брак во вториот месец од оваа година. Да, се омажив на 19 и пол години! На 19-годишна возраст се иселив од мојата семејна куќа во голем град и отидов да живеам во друга куќа во село.
Дозволете ми веднаш да одговорам на прашањата што ви се вртат низ глава во моментов. Одговорот на првото прашање: Кое село? Отидов да живеам во мало место на Господ зад грб што би се рекло.
Одговорот на второто прашање: Дали се навикнав на живот во мало место (човек се навикнува на сѐ). Одговор на третото прашање: Затоа што го сакам мојот сопруг и би отишла и на крајот на светот со него.
Зошто знам какви прашања Ви се вртат низ глава? Не затоа што сум премногу паметна, туку затоа што одговарам на овие прашања 10 години. Сега, зошто Ви го пишувам сето ова?
Затоа што сето ова кажува повеќе за мене како човек и работник отколку што би кажале дипломите од три факултети (да ги завршев). „Мислам дека најважно за еден работодавец е неговиот вработен да биде вреден и тимски играч. Зошто? Затоа што можам да имам три факултети (а ги немам), но ако немам волја да работам, тие три факултети се бескорисни за Вас.
Истото е и со искуството. Ако сум работела некаде 10 години не значи дека сум добар работник, ниту пак дека знам да работам. Но, ако имам волја за работа, ќе научам сè, дури и она што нема врска со моето образование.
До 19 години никогаш не испржив ни јајце, а не па да зготвам ручек (знам дека ова не ми оди во прилог, но читајте). Јас имав мајка ми која правеше сѐ за мене и брат ми (уште ја имам, жива е), но далеку.
Да не сакав да работам, немаше шанси да заминам 400 километри далеку од дома каде што сѐ ми беше сервирано како принцеза. Сама научив сè, вклучувајќи готвење и перење и грижа за мали дете. Се омажив на 19 и пол години и сеуште сум во брак, среќно. Точка. Доволно паметно. И да, живеам со свекрва ми 10 години и одлично се согласуваме. Ако тоа не Ви докажува дека сум тимски играч, не знам што друго.
Не знам колку работодавци сакаат борбени работници, но ете јас тоа го сметам за квалитет. Зошто мислам дека сум борбена? Мислам дека не, знам. Затоа што на 15 години дознав дека имам тумор и на 15 се излечв. Хемотерапија, зрачење, правев сѐ. Секој ден после зрачењето одев на училиште, а не морав, можев да лежам дома, имав целосно право на тоа.
Кога пред седум години одев на редовни контроли и ја зедов мојата, тогаш двегодишна, ќерка со мене, докторот ме праша чие е ова дете? Јас велам мое. Тој ми вели не може да е твое бидејќи ти не можеш да имаш деца. Топ изјава. Да ѝ кажеш на мајката дека детето не е нејзино. Како да треба да заборавам дека се породив! Зошто Ви го пишувам ова? За да ви покажам дека можам да го направам она што другите веруваат дека не можам да го направам.
Ете. Ако јас не сум пожелен работник, не знам кој е. Млада, способна, паметна, веќе родила две деца и веќе не размислува за тоа, едвај чека да се вработи бидејќи долго време е домаќинка, па што и да е…
Кој ме сака (како работник) нека ми се обрати на мејлот. Секако, заедно со апликацијата испраќам и „CV“ во кое ќе видите каде сум и што сум правела. И да, ќе ја видите и мојата слика за да знаете како изгледа тој вонземјанин кој се согласува со свекрвата“.