Тенисерот Новак Ѓоковиќ, кој ја освои 18. Грен слем титула во својата кариера, деветта на Австралија опен, откако во финалето во недела го победи Данил Медведев во три сета, се согласил да му биде исплатена за 1 милион помалку победничката награда.
Пред почетокот на турнирот тенисерот се согласил на џентменски договор со организаторите на „Австралија опен“, да му биде исплатена за 1 милион долари помала награда од таа што ќе ја освои, со цел помалку рангираните тенисери на турнирот да добијат повеќе пари.
За победникот на „Австралија опен“ наменета е награда од 3,12 милиони долари, а тенисерот ќе добие 2,13 милиони.
Сето ова е направено за да се олесни ситуацијата во време на пандемијата на коронавирусот, и да им се помогне на помладите тенисери со големите трошоци за патувањето во Австралија, двонеделниот карантин и многу други работи, што е само уште едно во низата убави потези од најдобриот светски тенисер.