Пред да почине, таткото му ја дал најдобрата лекција што ја научил во животот на својот син:
„Ова е часовникот што ми го даде дедо ти. Стар е повеќе од 200 години. Пред да ти го подарам, земи го и обиди се да го продадеш. Појди во првата продавница за часовници и кажи дека сакаш да го продадеш. Дознај колку пари ќе ти дадат за него“, му рекол таткото на синот.
Синот веднаш заминал и за некое време се вратил со одговорот:
„Ми даваат 10 долари бидејќи е стар и многу оштетен“, рекол синот. Таткото потоа го замоли синот да го земе часовникoт и овој пат да отиде да праша кај првиот златар.
Синот повторно се вратил и му рекол на таткото: „Златарот ми понуди 20 долари за часовникот“.
Таткото и третпат му се обратил на синот и повторно го пратил да се обиде да го продаде часовникот, на првиот што ќе го сретне на улица: „Прашај го за колку пари ќе ти го купи“.
Синот се вратил за неколку минути и рекол: „Никој не сакаше да ми го купи. Само еден човек рече дека ќе ми даде 5 долари и не мора ни да му го дадам часовникот“.
„Сега појди во музејот и покажи им го часовникот“, рекол таткото. По неколку часа, синот се вратил скокајќи од радост.
„Ми понудија милион долари за овој часовник. Рекоа дека станува збор за многу стар часовник и единствен таков, рачна изработка, но и вистинско ремек-дело. Како е можно тоа? За малку и ќе го фрлев…”
А таткото му одговорил: „Сакав да знаеш дека само на вистинското место и вистинските луѓе ќе знаат да ја проценат твојата вистинска вредност. Затоа не лути им се на луѓето ако не си на вистинското место во вистинското време и не грижи се ако некаде некој ќе се однесува со тебе како со ѓубре. Ако некаде не си почитуван и ценет бегај од таму оти тоа што можеш да го добиеш таму се само оние 10, 20 или 5 долари, место милионот што го заслужуваш“.