Koмисијата ќе предложи олабавување на рестриктивните мерки, за Велигден и Бајрам да нема полициски час

ИНФОРМАЦИИ FEATURED 2

 Комисијата за заразни болести ќе ѝ предложи на Владата за претстојните верски празници, Велигден и Рамазан Бајрам, во сабота кон недела и 12 кон 13 мај, да нема полициски час и граѓаните да можат слободно да се движат, со почитување на мерките за заштита-носење маска и држење дистанца, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Оваа одлука, како и одлуката од среда да се скрати времетрањето на полицискиот час и тој да почнува од 21 часот наместо од 20 и од утре да се отворат летните тераси на сите угостителки објекти, била донесена утрово од Кризниот штаб, а утре предлозите треба да ги прифати Владата.

Oлабавувањето на мерките се должи на подобрената епидемиолошка состојба, нагласи Филипче.