Американската компанија „Ринг“ нуди неверојатни 1 милион долари награда за оној кој може да обезбеди научни докази за вистинска форма на вонземски живот.
Компанијата е во сопственост на „Амазон“ и е позната по снимањето на срдечни средби и сомнителни посетители пред врата, а ова е нејзина нова, амбициозна иницијатива, која ќе се надоврзи на Ноќта на вештерките.
Во обид да открие докази за постоењето на вонземјани, „Ринг“ ја понуди оваа неверојатна главна награда од 1 милион долари на некој во САД кој може да обезбеди научни докази за вистинска форма на вонземски живот. Крајниот рок за поднесување апликации е 3 ноември 2023 година, а за проценката на вистината на сите пристигнати докази ќе биде задолжен „Експерт за вселена и вонземјани“.
Речиси 100 години, научниците, експертите и обичните граѓани споделуваат приказни и видео клипови од вонземјани. Со новите видувања и дополнителни докази дека формите на живот би можеле да постојат надвор од атмосферата на Земјата, постои можност дека вонземјаните да ни се многу блиску. Многумина ширум светот ги снимаат неочекуваните и прекрасни чудни моменти од животот, но сега би можеле да бидат наградени, се вели во соопштението на „Ринг“.
За да учествуваат во натпреварот, поединците мора да бидат легални државјани на САД на возраст над 18 години. Постојат два различни начини за учество. Првиот вклучува доставување на научни докази снимени од уредот „Ринг“ кои го документираат вонземјанинот. Друга опција им овозможува на учесниците да испратат видео до една минута, прикажувајќи некого или нешто поврзано со вонземјани.
Во последната опција, се поттикнуваат креативни и хумористични прикази, дури и ако вклучуваат вештачки помагала како костими, шминка, реквизити, компјутерска графика, дигитални ефекти или други вештачки средства. Тие поднесоци ќе се оценуваат според креативноста, визуелната привлечност и хуморот.
Доколку навистина се презентираат несоборливи докази за вонземска активност, на учесникот ќе му биде доделена главната награда – ануитет од 50.000 долари годишно во следните 20 години, или вкупно еден милион долари.
Интересно е што камерата на „Ринг“ во јули снимила инцидент кој ги подгреа шпекулациите за инвазија на вонземјани. Во Гретна, веднаш преку реката Мисисипи од Њу Орлеанс, светла смарагдна топка се појавила на небото во 4:30 часот наутро на 14 јули. Додека некои на социјалните мрежи го отфрлија снимениот настан како можен „метеор“, многумина останаа убедени дека се работи за НЛО.