Македонката Ана Бранковиќ Јовановиќ (31) е застрелана додека била на своето рботно место во ресторанот во Бур Риџ во Чикаго.
Таа се наоѓа на интензивна нега, а е повредена со три куршуми во ногата, во рамото и во раката.
Српските медиуми вчера објавија дека во инцидент што се случи вчера во преградието на Чикаго, Бур Риџ е убиен Србинот Никола Мишовиќ (30), а повредена е и една 31-годишна девојка која по потекло е од Скопје.
Убиецот Џереми Спејсер (31) од Арканзас кој бил вработен како возач во фирмата “Winners Freight LLC”, чиј сопственик бил убиениот Никола Мишовиќ пукал во него, а потоа продолжил во друга компанија „Force” која се наоѓала во истиот објект, а на која сопственик е Македонец. Тој претходно бил отпуштен од компанијата и сакал да се одмазди.
Вооружениот напаѓач по убиството побегнал од местото, но полицијата набрзо го пронашла во близина на објектот во кој го извршил маскарот. Кога бил опколен и повикан да се предаде, осомничениот пред полицијата си пукал во глава.