Од 1 јули ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, што значи дека на граѓаните, но и деловните субјекти од регионот ќе им остануваат повеќе пари во буџетот, изјави генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу.
Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ на 1 јули ќе почнат со имплементација на договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година, со кој граѓаните добија поевтин роаминг за телефонските разговори, СМС пораки и користењето интернет.