Новогодишни тајни – пред дочекот

ЗАБАВА SLIDE

Дочекот на Новата година подразбира ослободувањето од минатото заради подобра иднина. Кога сакаме да добиеме нешто ново, прво требa да се „откачиме“ од старото. Пред да започнеме нова фаза од животот, треба зад себе да ги оставиме старите работи, настаните и случките и тоа во вистинска смисла, да ги оставиме таму каде што се и да ослободиме простор за новото да може да дојде, пишува „Фенгшуитајне“

Новата година треба да ја дочекаме со нетрпение, со надеж и нови цели. На нив, секако, треба да се работи.

Секој човек треба да научи да ги контролира енергиите околу себе. Нашите предци тоа го знаеле уште на времето и своето знаење го пренесувале на своите наследници, но со текот на времето овој обичај исчезнал. Сега нивоата на двете владејачки енергии (енергијата на небото и енергијата на земјата) се такви што сите ние треба да почнеме да се усогласуваме со нив. Ако старото не се остави таму каде што му е местото, тогаш нема да има место каде да дојде новото!

Пред дочекот

  1. Еден ден пред дочекот на Новата година домот треба целосно да се исчисти. По нормалното средување, погрижете се лесно да го избришете целиот мебел, вратите и прозорците.
  2. Посебно внимание треба да се посвети на уредувањето на кујната и кујнските елементи. Шпорет – приход, фурна – неплатени долгови, мијалник – лоши вести, фрижидер – пари. Доколку некој дел е неуреден и нечист, покрај наведените негативни импликации, постои можност некој од семејството да има здравствен проблем во текот на годината.
  3. Не го враќајте секое парче мебел на истото (претходно) место. Разликата во однос на претходната положба нека биде најмалку 1 см. Доколку се оставите на истото место, тоа ќе предизвика стагнација на енергија.
  4. Ослободете ги сите врати така што да можат да се отвораат во лак од 90 степени (да нема некои украси или неред зад нив – ова важи за вратите од секоја соба посебно). Вратите претставуваат нови можности (секое лице ја има соодветната врата од собата во која најмногу престојува). Ако вратата не се отвори според правилото „90 степени“, тогаш низ неа нема да помине доволно среќа.
  5. Облеката и чевлите што не планирате да ги носите задолжително подарувајте ги и фрлете ги работите што не ви се потребни. Не ги чувајте. Влезете во новата година со барем едно ново парче обувки или облека.
  6. Тајната е во тоа што ако сакате бериќетна нова година, купете украсни и направете нови убави јадења кои ќе ги ставите на масата за јадење. Доколку консумирате убави јадења, можете да очекувате благосостојба и изобилство во текот на целата година.
  7. Подгответе си убаво украсена трпеза, без разлика дали Новата година ќе ја дочекате дома или надвор од домот. Направете вашата маса да изгледа богата. Во новата година треба да се влезе со богата трпеза, за да биде бериќетна.
  8. Напишете писмо до Дедо Мраз во кое ќе ги наведете вашите лични желби и ќе го ставите под елката. Не е важно колку години имате, важно е да ја разберете поентата на пишаната форма на вашите желби: со пишувањето на желбите им давате форма, создавате фреквенција на групирање на честичките на желбата, кои се спојуваат со текот на времето и ја создаваат нивната материјална форма. Со секоја форма на пишување ја активирате реализацијата на целите.

Сандра Дрнчиќ

Извор: www.fengshuitajne.com