Oва се најпрометните авиолинии во 2024 година

ПАТУВАЊА FEATURED 1

Безбедносни проверки, пасошка контрола, барање на багаж, такси – аеродромите веќе одамна се едни од најпрометните места. Додека размислувате за редиците во кои можеби сте заглавиле деновиве, дали ви паднало на памет што се се случува над нашите глави.

Благодарение на анализата на „OAG“ за глобалните податоци за воздушен сообраќај, објавена е листа на најпрометните воздушни линии во светот (врз основа на вкупниот број на пополнети седишта на линиите), пишува „Time Out“.

Првото место го зазеде рутата помеѓу Хонг Конг и Тајпеј, која забележа огромен раст од дури 48 проценти, достигнувајќи 6,8 милиони седишта оваа година, скокајќи од третото место во 2023 година.

На второ место е линијата Каиро-Џеда, која е зголемена за 62 отсто во однос на 2019 година, додека релацијата Сеул Инчеон – Токио Нарита го зазеде третото место, со само 1,1 отсто. На оваа листа целосно доминираат летовите во Азија, заземајќи седум од првите десет места.

Ова се 10-те најпрометни авиокомпании во светот:

Хонг Конг – Тајпеј
Каиро – Џеда
Сеул Инчеон – Токио Нарита

Куала Лумпур – Сингапур

Сеул Инчеон – Осака
Дубаи – Ријад
Бангкок – Хонг Конг

Џакарта – Сингапур
Бангкок – Сингапур

Њујорк ЏФК – Хитроу.