Музејот на современа уметност вработува „советник за маркетинг и односи со јавност“, а понудената плата е 43.672 денари.
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 750/2021 за вработување на 1 јавен службеник од група I, подгрупа II во НУ Музеј на современата уметност Скопје за следните работни места
1. КУЛ0102В01009 Советник за маркетинг и односи со јавност, Одделение за административни, општи и правни работи, Сектор за административни, општи и правни работи(1) извршител(и)
Општи услови
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место,
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Историја на уметноста, Правни науки
– најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
Општи работни компетенции
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој
– комуникација
– остварување резултати
– работење со други/тимска работа
– стратешка свест
– ориентираност кон странките/засегнати страни и
– финансиско управување
Посебни работни компетенции
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
– Работни денови понеделник-петок
– Работни часови неделно 40
– Работно време од 08:30 до 16:30
– Опис за работното време
Паричен нето износ на плата: 43.672,00 денари
Повеќе на линкот.