Прекрасниот архипелаг е омилен не само за романтичните, туку и за оние кои сакаат одмор во вистинска смисла на зборот.
Недопрените плажи, луксузни вили на брегот и уживањето се вообичаени асоцијации за оваа дестинација.
Секој кој еднаш ги посетил Малдивите, тешко дека нема да се врати.
Постојат многу причини да ја посетите оваа далечна дестинација.
Некои таму си наоѓаат внатрешен мир, некои слобода. Во секој случај, ако нешто е загарантирано дека ќе се случи на Малдивите, тоа е релаксирањето.
Еден остров
Секој од ексклузивните хотели практично се наоѓа на по еден остров.
Некои хотели се толку големи што можат да се најдат на два соседни острови. Некои пак, се толку пространи што гостите можат дури и да се изгубат во некој дел од одморалиштето. Се може да биде романтично, ако сте во вистинско друштво.
Незаборавни искуства
Во деновите поминати на Малдивите не значи дека само ќе уживате во пливањето и вкусните оброци, сончање и пешачење. На Малдивите, на туристите им се нуди дури и можност да учествуваат во многу активности, чија цел е да се зачува животната средина и живиот свет.
Доза на адреналин по желба
Иако релаксирањето и одморот се примарни на Малдивите, има многу атракции достапни за оние кои сакаат спортски активности. Треба само да изберат дали ќе уживаат во нуркањето или џет скијањето.