Почина Аки Рахимовски

ТАЖНИ ВЕСТИ FEATURED 2

Хрватската музичка легенда Аки Рахимовски почина денеска на 66-годишна возраст.

Оваа информација ја потврди неговиот менаџер Дамир Осредечки. Тој рече дека на пејачот утринава му се слошило и дека завршил во болница.

„Пред еден час ми рекоа дека починал, се уште не ја знаеме причината за смртта“– изјави Осредечки за „24сата.хр“.

На социјалните мрежи групата „Парни ваљак“, чиј фронтмен беше Рахимовски, се простија од него.

Александар „Аки” Рахимовски има македонско потекло, пејачот беше најпознат по ангажманот во рок составот од Загреб, „Парни ваљак”.