Како да препознаете необразованa личност, дури и ако има диплома и многу пари не значи дека е образована

ПОЗИТИВНО FEATURED 2

Во денешно време не мора да значи дека ако човек има диплома и многу пари, дека има и знаење и е образован.

Дури и со сите тие епитети тој може да биде необразован човек. Како пример ќе ја земеме ситуацијата кога двајца пријатели уживаат во топлиот ден, си пијат кафе во двор, им приоѓа еден пар и ги прашува каде се наоѓа една улица.

Убаво и уредно облечени, млади, улицата што ја бараат им толку блиску што практично можат „да ја фатат“ со раце. Едниот од двајцата пријатели им одговара на прашањето.

„Тоа во вашите раце е паметен телефон?“. Тие потврдуваат со главата.

„Отворете ја мапата и напишете ја улицата“, дополнува тој.

Како мали деца од градинка, тие слушаат и го прават тоа.

„Дали ја најдовте улицата“, ги прашува.

Парот потврдува и се заблагодарува на помошта.

Кога парот се одалечува, двајцата пријатели продолжуваат да разовараат, и едниот го прашува другиот пријател зошто направил така и не им кажал дека тие всушност се токму на таа улица. Тој одговара: „Секој од нив има паметен телефон во рацете за кој платиле многу пари чисто како да го имаат, но сè уште не го искористиле за свое добро“.

Филозофот и социолог Алвин Тофлер еднаш рече: „Неписмени во 21 век нема да бидат оние кои не знаат да читаат и пишуваат, туку оние кои не сакаат да учат, да одучат и повторно да учат“. Поетот Константин Симонов еднаш рекол: „Образованиот човек се разликува од необразованиот по тоа што своето образование сè уште го смета за нецелосно“. Тоа значи дека за образован човек образованието не завршува со денот кога ќе ја добие дипломата.

Сè уште од време на време се купуваат книги и учебници. Некоиј читаат, се регистрираат за семинари и курсеви и се подготвени да научат повеќе. Образованиот човек ги поместува границите на својот ум и сака да стекне што е можно повеќе нови знаења. Всушност, тој само е свесен дека има уште многу што може и треба да научи.

„Промената не е неопходна само за животот – тоа е живот“. – А. Толфер

Едуцирана личност лесно се препознава. За неа нема прашања што не ги разбира или упатства што не може да ги прочита. Ако тоа се случи, таа ќе биде среќна да види што е тоа што не го разбира и ќе праша за тоа. Таа нема да остане неука, туку ќе биде подготвена да го научи она што не го знае и не го разбира.