Кога ќе речеме за некоја жена дека е силна, вообичаено пред очи ни излегува жената која ја познаваме и која оди кон својата цел, која не се сомнева ниту жали за ништо. Силната жена може да биде ранлива во душата, може да биде чувствителна и нежна за некои работи, да биде отворена и љубезна. Силната жена не секогаш успева да оди по првиот пат, често ѝ требаат многу обиди и напори за да ја постигне зацртаната цел.
Има една многу важна работа која ги одвојува силните од слабите жени. Познатиот психоалналитичар Зигмунд Фројд многу добро го објаснил ова:
„Луѓето сметаат дека реалноста е лоша и затоа живеат во свет на фантазии каде што нивните цели во мислите им се остварени. Слабиот човек живее во својот свет долго време и во неговата имагинација има разни болести“.
Се разбира, и слабите луѓе имаат свои соништа и цели, но ретко си ги исполнуваат. И не затоа што немаат можност, туку едноставно затоа што повеќе им одговара постојано да се жалат и кукаат.
„Секој има подеми и падови во животот, но слабите луѓе, дури и кога се на врвот, ќе се жалат и ќе кукаат“
На слабата жена ѝ е многу тешко да ја напушти комфорната зона, таа сака промени, но тие ја плашат. Така, годините ќе си поминат, а таа ништо нема да промени.
Слабите жени се плашат да донесат одлука или да преземат одговорност. Погледнете околу себе, сигурно во вашата околина има жени кои долги години стојат во место, кукаат за сè што можат. На многу од нив тоа не им се допаѓа, но не прават ништо за да ја променат ситуацијата.
„Повеќето луѓе навистина не ја сакаат слободата бидејќи таа вклучува одговорност, а тие се плашат од одговорност“, рекол Зигмунд Фројд
Силните жени не се плашат од промени, тие се стремат да го подобрат својот живот, не се плашат да преземат одговорност кога е потребно. Луѓето ги сакаат таквите жени, со задоволство ги следат, тие се сигурна во себе, па затоа и луѓето се сигурни во нив.
Силните жени се големи оптимисти, но во исто време објективно гледаат на животот, не живеат во илузии. Слабите жени се завидливи, не го сакаат туѓиот успех, им се чини дека судбината е сурова кон нив, но не разбираат дека тие самите не прават ништо за да си го подобрат животот.