Кога син ми се запиша на правен факултет, се каравме речиси секој ден. Немаше ниту еден ден да помине без критики или напорни дискусии. Толку ме изморуваше сето тоа што не сакав ни да го видам, секој ден стануваше се погруб и поостар, а нашите односи целосно се заладија. Проблемот беше моето незадоволство од неговото учење.
Една ноќ поминав покрај полуотворената врата на неговата соба. Го видов, спиеше потпрен со главата на креветот, а низ отворениот прозорец влегуваше студен воздух. Влегов, го затворив прозорецот, зедов ќебе и го покрив, па тргнав да излезам, но во срцето почувствував љубов кон син ми и се вратив. Го бакнав неговото студено чело и му ја погалив меката коса.
Следниот ден син ми не беше тој на кој бев навикнат, се поздравуваше со мирен и најубав глас со мене.
Деновите поминуваа, а неговото учење значително се подобри. Имаше најубави манири, и покажуваше почит и внимание кон мене. Бев воодушевен, сигурно беа услишени молитвите на неговата загрижена мајка.
Но, еден ден, ја дознав вистината, син ми ѝ се доверил на мајка си:
„Мамо, таа вечер кога тато влезе во мојата соба да ме покрие, јас не спиев, како што тој си помисли. Останав мирен, за да си мисли дека спијам бидејќи не сакав да го видам и да го слушам. Верував дека не ме сака и го презира моето постоење во неговиот живот, но неговиот бакнеж во челото ми ги смени и потресе и најскриените делови од мојата душа.
Татко ми ме сака!
Останав буден до зори. Плачев од среќа поради љубовта на мојот татко и многу бев тажен поради тоа што му го правев. Таа вечер одлучив да се сменам“.
–Од книгата: 200 едукативни искуства на родители и деца