Една брачна двојка се преселила во новокупена куќа.
Првото утро, додека појадувале, жената гледајќи преку прозорецот од нивната куќа, ја забележала сосетката како постила алишта на својата тераса.
-Леле, колку ѝ се валкани алиштата, коментирала жената.
Мажот погледнал и се замолчел, а таа продолжила:
-Не можам да поверувам. Kако воопшто ни да не ги перела. Можеби треба да го промени прашокот за перење, ако воопшто и ставила прашок…, простачка, зборувала жената.
Сопругот продолжил да си молчи, изгледајќи незаинтересирано за она што го зборува неговата сакана.
Истата ситуација се повторила и наредниот ден, кога другата сосетка ги постилала алиштата, и третиот ден…
И така, речиси цел месец подоцна, жената се изненадила кога преку прозорецот видела како алиштата на соседката се чисти и бели како снег.
Тогаш таа искоментирала пред својот сопруг: „Ете, конечно се научи да пере. Кој знае кој ѝ кажа да стави прашок!“
А нејзиниот сопруг ѝ одговорил:
„НИКОЈ!! Само го избришав нашиот прозор“.