Ресторанот НОМА на нашинецот од Тетово, Рене Реџепи, синоќа беше избран за најдобар во светот, пишува Алсат.
Веста беше објавена преку социјалните мрежи, Фејсбук и Инстаграм, од официјалната веб -страница на самиот ресторан. На сликите што беа претставени на социјалните мрежи, се гледа персоналот на ресторанот НОМА, која ја слави оваа голема победа.
Ресторанот на четириесет и тригодишниот Рене Реџепи беше избран прв меѓу 50-те најдобри ресторани во светот, долгоочекуван кулинарски настан кој е спонзориран од С. Пелегрино и Аква Пана. Настанот се одржа во Антверпен каде што започна на 3 октомври, а заврши синоќа со големото финале и победата на Реџепи.
Видеото како ја прославија победата славениците погледенте го на следниот линк.
Повеќе фотографии во продолжение:
Рене Реџепи e еден од најистакнатите готвачи на светот. Роден е во Копенхаген, a потекнува од тетовското село Џепчиште. Голем дел од детството го поминал во Џепчиште, комбинирајќи го со Данска во остатокот од годината. Овие македонски искуства му оставиле силен впечаток и претставуваат значајна инспирација во неговото готвење.
Во 2011 г. е избран за „Најдобар готвач на светот“, а неговиот ресторанот „Нома“ неколку години по ред ја добива титулата „Најдобар ресторан во светот“ и Мишленови ѕвездички. Во 2012 г. е прогласен за 11-ти највлијателен човек во светот, а се има појавено на насловната страница на весникот „Тајмс“.