Сè уште не сте купиле подарок, еве што препорачува астрологијата за Вашите сакани

ЗАБАВА FEATURED 1

Сите сме поминале низ слична ситуација, а тоа е дека пред да започнете разговор со некоја личност, едно од првите прашања е „Што си во хороскоп?!“

Ако сте ист хороскопски знак следува заклучок дека веќе имате нешто заедничко.

Од карактерот на личноста па до каква е таа и што очекува во љубовта, хороскопскиот знак може да открие многу, дури и пред да го запознаете. А кога станува збор за подароците, не може да се каже дека наталната карта ќе Ви помогне при изборот на вистинскиот подарок за некого, но може да ви укаже што тој, таа можеби би сакала.

Ова може да ви биде водич при изборот на подарокот според хороскопскиот знак. Покрај тоа, можете да добиете неколку дополнителни идеи за подароци за 8-ми Март.

Овен

Овенот како огнен знак е познат по тоа што е нерасположен, импулсивен, храбар и самоуверен. Луѓето родени под овој знак го сакаат спортот, па како подарок може да биде јога-душек или нешто што е поврзано со спортот. Бидејќи Овенот е огнен знак, свеќите, свеќниците или светкавите украси ќе биде совршен астролошки подарок за Овенот.

Бик

Биковите сакаат нешто што ќе ги инспирира и привлече сите нивни сетила. Тие сакаат работи кои убаво мирисаат и се чувствуваат добро на допир, па затоа нивниот вкус е малку скап. Шамија, кожна јакна или добар парфем можат да бидат идеален избор за овој знак.

Близнаци

Близнаците се камелеонот во зодијакот. Тие се со „две лица“, паметни, исклучително интелигентни и љубопитни, а луѓето родени под овој знак сигурно ќе саккат добра книга, списание, украсна кутија за накит, уникатна рамка за слика… Покрај тоа, и добар парфем би бил совршен подарок за Близнаците.

Рак

Ракот има посебно место за семејството и врските. При изборот на подарок за овој знак, имајте на ум дека тој е традиционален, рамнодушен, сака да негодува…, но исто така и ужива во страствени подароци што им овозможуваат да ги покажуваат своите спомени. Персонализирана рамка за фотографии со семејна слика или симпатична перница како украс може да биде идеалниот избор.

Лав

Лавот е еден од најстрасните знаци на зодијакот – а во исто време и еден од најдарежливите. Затоа понекогаш може да биде предизвик да се најде соодветен подарок за него, бидејќи повеќето Лавови имаат скап вкус и одлично чувство за стил. Сепак, запомнете дека на крајот, овој знак сака да се чувствува сакан. Билетите за нивната омилена претстава или опера, уметничка слика, скап парфем… можат да бидат идеален избор за подарок за овој знак.

Девица

Кој планира родендени на сите со месеци однапред? Има големи шанси тоа да биде Девицата. Во исто време, Девиците се најтешките партнери за кои можете да погодите што сакаат за подарок. Овој знак е многу таинствен за неговите потреби и за тоа што сака. Идеален подарок за Девицата може да бидат членство во теретана, ваучер за подарок или некој интересен и необичен уред.

Вага

Вагите секогаш бараат баланс во животот и наоѓаат паметни решенија за многу проблеми. Кошница исполнета со миризливи сапуни, лосиони и миризливи свеќи се идеален подарок за нив. Луѓето родени под овој знак мразат кавги, а сакаат добра забава. Шише добро вино; кутија со разни гурмански производи или чоколадо, украси за дома или миризливи свеќи може да биде идеален подарок за вашата пријателка, родена во овој знак.

Шкорпија

Остра, страствена и бестрашна, Шкорпијата е воден знак заинтересиран за окултниот и поинаков свет. Кога станува збор за избор на подарок за Шкорпијата, воопшто не размислувајте, само дознајте што ги прави среќни. Тие секогаш се загрижени за својот изглед, па затоа брендирано парче, пар дизајнерски чевли или очила за сонце ќе ви помогнат да ја освоите нивната лојалност.

Стрелец

Со Стрелецот, сè се сведува на фактот дека тој сака да патува и да ги проширува своите хоризонти. Тој сака да има многу спомени и посебни моменти што може да ги споделува со другите. Затоа, по природа, тие се со отворен ум, оптимисти и сакаат промени. Подарок за нив би било патување на некое место каде што ги чека некоја авантури, нови планинарски чизми или изненадување во вид на билет за местото каде што никогаш не биле.

Водолија

Водолијата е таа која секогаш многу има размислено за сè. За нивнаа имагинација нема ограничувања. Водолијата е екстроверна, па затоа почастете ги со подарок што ќе се вклопи со нивната „научна фантастика“. На Водолијата ќе ѝ се допадне секој паметен телефон, технолошки уред или најновата видео игра.

Риба

Како последен воздушен знак на зодијакот, овој знак е многу популарен бидејќи е романтичен, чувствителен, љубезен и исклучително дарежлив. Комплет миризливи свеќи, рачно изработени ташни, луксузни соли за бања, органски сапуни и козметика или скапо шише квалитетно вино ќе бидат совршени подароци за Рибите.