Да се живее на брод за некого можеби изгледа како кошмар, но не и за оваа баба, која повеќе од eдинаесет години живеела на крузерот „Crystal Serenity“.
Ли Вачстетер (90) или „Мама Ли“ кога ѝ починал сопругот одлучила да ја продаде својата куќа на Флорида и засекогаш да се пресели на брод.
Таа ги обожавала бродовите и од 1962 година била на повеќе од 283 крузери.
Животот на бродот ја чини околу 164.000 долари годишно, а во цената е вклучено кабина за едно лице, сите оброци, како и танцување во сала.
Времето на бродот Ли си го поминувала одејќи на сите коктел забави, гледајќи филмови, ги посетувала предавањата, како и другите бесплатни активности вклучени во крстарењето.
-Членовите на екипажот ме прават среќна. Некои дури и ги чувствувам како семејство. Ако немаат нешто што сакам, веднаш го купуваат – изјави во една прилика Мама Ли.
Таа рече дека го избрала овој брод затоа што има сала за танцување.
„Кога нема да можам да танцувам, веројатно тогаш ќе престанам и да крстарам“, рече Ли.
Оваа баба, која на бродот го добила прекарот Мама Ли, само со овој брод посетила повеќе од 100 земји, од Италија до Азија.
Koга бил жив нејзиниот сопруг и двајцата често оделе на патување со брод, а од нејзини 77 години, кога тој починал, продолжила сама и цело време.
„Мама Ли“ објавила и книга „Можеби сум бездомник, но треба да ја видите мојата јахта“ во која пишува за своето искуство како постојан жител на крстаречки брод.
На овој чекор, да го продаде целиот свој имот и да живее на луксузен крузер, се одлучила, затоа што пресметала дека така животот ќе ѝ биде поефтин.
„Бев во добра здравствена состојба и можев да си дозволам, а вака и не требаше да се грижам за куќата и секојдневните трошоци, вклучувајќи и здравствена грижа“, пишува таа во својата книга.
„Зошто бродовите за крстарење се попривлечни за пензионерите? Всушност вака и заштедувам пари. Кога ќе ги споредите цените за живот на крстарење наспроти пензионерски дом или дом за стари лица, вака ми е и поефтино. За мојата возраст цените за живеење во дом за стари лица изнесуваат 350.000 долари годишно“, додава таа.
Во 2019 година Мама Ли имала 89 години, од кои последните 11 живеела на брод.
Од 2020. кога заради пандемијата сите бродови беа укотвени „Мама Ли“ прави пауза од крстарењето и живее на Флорида. Таа со нетрпение очекува да заврши новото „нормално“ и повторно да заплови.