Редок инструмент кој го измислил Бенџамин Френклин во далечната 1761 година, е прогласен за „најопасниот инструмент на светот“ поради ефектот што го имал врз изведувачите и публиката.
Идејата за стаклената хармоника, како што раскажуваат историчарите, Френклин ја добил кога видел друг музичар како свири на чаши полни со вода. Заинтригиран од изведбата, пронаоѓачот фиксирал стаклени плочки (плиток метален сад) со различни големини една до друга на вратило сместено во кутија со вода во која плочите биле делумно потопени.
Оската со плочите се ротирала со помош на ножна педала, а изведувачот потоа ги триел рабовите на ротирачките плочи со влажни прсти за да предизвка тонови.
Стаклената хармоника станала еден од најпознатите инструменти на 18 век, но некаде околу 1820 година, целата приказна добила злокобен тон.
Имено, луѓето набрзо почнале да ги пријавуваат своите лоши искуства додека го користеле овој ннструмент, а се верувало дека тој претерано го стимулира мозокот и предизвикувал низа непријатни симптоми.
Изведувачите пријавиле симптоми на вртоглавица, нервоза, грчеви во мускулите, па дури и халуцинации. Тие тврделе дека се чувствувале лошо по користењето на инструментот, поради што морале да престанат да го користат.
„Исто така, неколку слушатели на музиката на овој инструмент ги почувствувале негативните ефекти, а по инцидентот во Германија кога едно дете почина за време на настап, стаклената хармоника беше забранета во неколку градови“, објаснуваат од Институтот Френклин.
И додека некои веруваат дека високите, етерични тонови ги повикуваат духовите или ги излудуваат слушателите, други, верувле дека оловото од плочките што се впивало во прстите на музичарите доведува до болест.
Сепак, таквите тврдења никогаш не биле научно докажани.
„Самиот Френклин ги игнорирал сите контроверзи и продолжи да свири на инструментот до крајот на својот живот без горенаведените симптоми. Но, популарноста на хармоника навистина никогаш не се вратила“, објаснуваат од Институтот.