Многу често во комуникацијата, во бизнисот или политиката, се употребува изразот „треба да ги запалите сите бродови“, особено кога треба да се донесе некоја важна одлука.
Приказната со оваа симболична порака е за еден воин кој сакал да ги мотивира своите војници за победа. Тој бил соочен со ситуација да донeсе важна одлука клучна за успех на бојното поле. Неговите единици требало да ги прати во битка против моќен непријател, кој според бројот на војници, ја надминувал неговата војска, и бил на домашен терен. Ги товарил своите војници на бродовите, допловиле до непријателската земја, ги истоварил војниците, опремата и оружјето и издал наредба бродовите да се запалат.
Обраќајќи им се на војниците пред првата битка рекол:
„Сведоци сте дека нашите бродови горат. Тоа значи дека од овој брег можеме да заминеме живи само како победници. Немаме избор, или ќе победиме или ќе умреме!“
И победиле.
Патот до успехот понекогаш значи дека нема друга опција и нема назад.