Време за плачење од среќа: Братската љубов разнежни многумина на социјалните мрежи

ПОЗИТИВНО

На социјалните мрежи се споделува емотивно видео на кое се гледа изненадувањето што постариот брат му го подготвил на помалиот брат за роденден. Но, она што многумина ги разнежни, не е подарокот, туку реакцијата на помалото братче кое обземено од силните емоции не можеше да престане да плаче, ниту пак да го отвори подарокот.

Неговите солзи не се поради содржината во кутијата, туку поради самиот чин на љубов и внимание што му ги посвети постариот брат.

„Не требаше, не требаше да се трошиш“, низ солзи вели момчето покажувајќи искрена благодарност.

Но, кога го отвори подарокот, малото момче започна уште посилно да плаче, бидејќи внатре има Плејстејшн 5, и како што вели, тоа е многу скапо и брат му многу се потрошил, трогнато што тој се жртвувал за да му ја исполни желбата, која му се чинела невозможна.

„Мене ти си ми брат, парите не се важни“, му враќа постариот брат, а таа реченица дополнително покажува колку братска љубов се негува во ова семејство, чии членови во овој момент, на роденденот на синот, сите плачат од среќа.

„Одамна не сум видел ништо поубаво, секоја чест за родителите што воспитале вакви деца“, „Секоја чест за постариот брат што го израдува момчето, јасно е дека и двајцата се научени на вистинските вредности“, „И мене ме расплакавте“, се само дел од коментарите на објавата.

@mmuhamed.16 Da si mi živ i zdrav godina 100❤️… #foryoupage #fyp #balkan #brat #rodjendan ♬ original sound – Muhamed

Ова видео е потсетник дека е потребно малку за да се направи некого среќен. Подароците доаѓаат и си одат, но љубовта и вниманието што ги посветуваме еден на друг, особено помеѓу браќата и сестрите, остануваат врежани во нашите срца засекогаш.

Видеото погледнете го на следниот линк: Роденден