Масовното вакцинирање на населението против Ковид-19 во земјава официјално ќе почне од денеска во А1 Арената (сала „Борис Трајковски“). Закажани се термини за 3000 граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со руската вакцина „Спутник В“.
Во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица од т.н. критична инфраструктура – вработени во МВР, АРМ, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработени на патарини и други.
Според планот за имунизација, вакцинацијата со 20 000 руски вакцини „Спутник“, донација од Србија, ќе се одвива на 48 пункта.
Во земјата досега има пристигнато 78 илјади вакцини, од кои 48 илјади се донација од српската Влада.