Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-19.
Во денешната статистика што ја објави Министерството за здравство, не е евидентиран починат пациент од оваа болест.
Регистрирани се 34 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.