Зборува дури 24 јазици, a тоа што го работи нема врска со неговиот талент

ПРИКАЗНИ SLIDE

Вон Смит (46) во моментот работи како чистач на теписи во САД за нешто помалку од 20 долари на час. Она што е интересно за него е што тој течно зборува осум јазици (англиски, португалски, шпански, руски, романски, бугарски, словачки и чешки), а може да разговара на дури 24 јазици.

Како дете знаел само два јазика – англискиот што го зборува мајка му и шпанскиот што го зборува татко му. Во Мериленд, каде што пораснал, не сакал да го користи шпанскиот јазик, бидејќи не сакал да се разликува од другите деца. Сепак, наскоро започнал многу лесно да апсорбира зборови од други јазици.

Смит бил фасциниран од секој јазик што ќе го слушнел за првпат. Во текот на својот живот проучувал дури 37 јазици, а користи и неколку знаковни јазици. Покрај тоа што брзо ги „впива“ зборовите, Смит неверојатно добро ги знае и акцентите.

Смит не сака многу да зборува за својот талент. Тој вели дека избројал дваесет и четирите јазици на кои може да разговара, само затоа што го прашале. Во спротивно не би ја знаел точната бројка. Вели и дека би сакал да научи и повеќе и дека тоа може да го направи без многу труд. Моментално планира да учи велшки.

Омилен јазик му е бугарскиот.

Смит никогаш не работел работи што се поврзани со неговиот талент. Работел како обезбедување, доставувач, шетач на кучиња… сега чисти и пере теписи и е задоволен од својата работа. Живее со мајка му и ужива во кафето во разни кафулиња каде слуша непознати зборови и јазици што ги зборуваат посетителите.

Неговиот талент не го смета за нешто посебно, иако за него сето тоа е мистериозно. Тој вели дека отсекогаш ги памтел броевите и датумите полесно од другите луѓе, па мисли дека тоа може да има врска и со леснотијата со која ги учи јазиците.

Лицето кое зборува 11 или повеќе јазици се смета за хиперполиглот.