Кога нешто убаво ќе ни се случи во животот, сите брзаме тоа да го споделиме со семејството и пријателите.
Една баба на својата внука секогаш кога брзала да го земе телефонот и да им се јави на пријателите за да ја сподели со нив добрата вест, ѝ велела „Среќата сака молк“. Бабата секогаш ја советувала дека треба што помалку да зборува за плановите, за приходите, приватниот живот и за стравовите.
Дури ѝ велела дека не треба да ѝ кажува нејзе или на мајка ѝ некои работи, што било вистинско изненадување за девојката бидејќи на кого друг ќе му каже ако не на нив двете на кои најмногу им верува. Бабата велела дека не треба да им раскажува ниту за кавгите со нејзиниот сопруг.
Причината за тоа е што тие двајца ќе се смират и најверојатно за кратко време ќе заборават на глупоста поради која се карале, но мајката и бабата ќе се сеќаваат на тоа и можеби ќе го променат мислењето за него. Што се однесува до приходите, за нив не треба да кажува на никој заради лична безбедност, но и да ги задржите пријателите.
Бабата велела: „Ако сакаш да имаш пријател, никогаш не му позајмувај пари“. Таа исто така ја советувала: „Ако немаш пари, најди си работа, а ако имаш пари не се фали“. Кога девојката ќе почнела да зборува пред баба ѝ за нејзините планови и соништа, бабата секогаш велела: „Ако сакаш да го насмееш Бог, кажи му за твоите планови“.
Со текот на времето девојката и сама заклучила дека секогаш кога некому му кажувала за нејзините планови, ниту еден од нив не се реализирал. Дури има и познати експерти кои истакнуваат дека кога зборуваме за нашите планови, нашиот мозок почнува да се однесува како веќе да сме ги постигнале и престануваме да го вложуваме потребниот напор за да ги оствариме.
Кога станува збор за нашите стравови, колку повеќе размислуваме за нив, толку е поголема веројатноста да ги привлечеме во нашите животи.
Советот на бабата бил: „Ако не можеш да кажеш ништо добро за твојот живот, тогаш подобро ќути си и не се прави паметен“, или „Никогаш не зборувај лошо за себе. Постојат многу луѓе кои ќе го направат тоа место тебе“.
Ескпертите велат дека ќе ги доживуваме сите наши стравови одново и одново сѐ додека не ги надминеме. Само кога ќе сфатиме дека треба да се соочиме со нашите стравови и да не бегаме од нив, ќе можеме да продолжиме на патот кон светлината.
Мудроста што ни ја пренесуваат нашите најблиски ни помага да ги видиме работите од поинаков агол и да научиме нешто од нив. Запомнете дека добрите работи може да се слушнат далеку, но лошите работи уште подалеку. Девојката само сфатила дека зборовите на баба ѝ имале многу повеќе смисла отколку што верувала во тоа време. Но, веројатно, бабата животот ја научил што и како стојат работите.
Извор: infpult.info
Фото: Pixabay