Без брашно, млеко и јајца: Рецепт за најлесната чоколадна торта од само 3 состојки

FEATURED 1

Чоколадната торта е омилен десерт во многу домаќинства. Но, дали знаевте дека можете да направите чоколадна торта без вообичаените состојки како брашно, млеко или јајца?

Пробајте го овој едноставен рецепт за чоколадна торта кој многу често го прават оние кои се интолерантни или алергични на глутен и лактоза, а за да го направите ќе ви бидат потребни само три состојки и нема печење.

Состојки:

375 мл кокосово млеко

220 грама чисти овесни снегулки

170 грама темно чоколадо.

Подготовка:

1. Исечете го чоколадото на ситни парчиња.

2. Загрејте го кокосовото млеко на шпоретот.

3. Истурете го кокосовото млеко врз исецканото чоколадо и оставете да постои околу две минути.

4. Мешајте додека чоколадото не се растопи и не добиете кашеста смеса.

5. Додадете ги овесните снегулки во смесата со чоколадото и добро измешајте.

  1. Префрлете ја смесата во калап за торта.
  2. Оставете ја тортата да се излади на собна температура, потоа ставете ја во фрижидер да се стегне три до четири часа.
  3. Исечете ја на парчиња и сервирајте. Добар апетит!