СПЦ ја призна афтокефалноста на МПЦ-ОА

Патријархот Порфириј на заедничката литургија денес во Соборниот храм во Скопје упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. – Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост – Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето […]

Гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“

Гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“, противпожарните единици се на терен, соопштија од Центарот за управување со кризи. Пожарот избувнал попладнево и зафатил пластични материјали, дрва, грмушки и отпад, што предизвикало густиот црн чад во центарот на Скопје. Досега нема пријава за повредени лица во пожарот.

Поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство

Од вечерва на полноќ цената на дизелот се намалува за два денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари за литар. Цената на бензините останува иста. Според новата одлука на Регулаторната комисија, малопродажната цена на дизелот ќе биде 85,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 81,5 денари за литар. […]

Ние сме 1 836 713 жители, имаме и 51 лице над 100 години

Вкупното резидентно население на Република Северна Македонија, на 5 септември 2021 година изнесуваше 1 836 713 жители. Од нив, 50.4 % се жени, а 49.6 % се мажи. Според возрасната структура, најголем процент од населението 7 % – се во возрасната група од 40-44 години. Куриозитет е што е попишанo 51 лицe на возраст над 100 […]

По еден месец од руската инвазија на Украина 10 милиони Украинци иселени од дома

Обединети нации соопштија дека околу 10 милиони Украинци морале да ги напуштат своите домови поради руската инвазија. Координаторот на ОН за хуманитарни прашања и вонредни ситуации Мартин Грифитс изјави дека околу 6,5 милиони луѓе се внатрешно раселени во Украина. Останатите 3,5 милиони луѓе излегле надво од границите на Украина. Тој додаде дека бегалската криза има „најважен […]

Објавен огласот за финансиска поддршка за електрична енергија за лицата со ниски примања

На веб-страната на Министерството за економија објавен е јавниот повик за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лицата со ниски примања, а обезбедени се 60 милиони денари за оваа цел. Според јавниот оглас, објавен на веб-страната на Министерството за економија, лицата со ниски примања се стекнуваат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка […]

Сеизмошока опсерваторија при ПМФ: Регистрирани серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат во соседна Грција, во околината на Лерин

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, доцна синоќа соопшти дека се регистрирани серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 130 километри јужно од Скопје во соседна Грција во околината на Лерин. Првиот земјотрес што се случи во 22 часот и 43 минути бил со Рихтерова магнитуда ML5.6, а беше најсилно почувствуван од населението во […]

Цените на лебот, млекото, шеќерот, маслото и месото „замрзнати“ до 31 јануари

Цените на основните прехранбени производи нема да се менуваат до крајот на јануари. Лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата до 31 јанури да се продаваат по цени што ги имале на 1 декември […]

Во автобуската несреќа на македонски автобус во Бугарија загинаа 45 лица од кои 12 се деца, седум се повредени

Во автобус што изгорел ноќеска на автопатот „Струма“ во Бугарија, според првичните информации вкупно загинале 45 лица, а седуммина се хоспитализирани на Клиниката во Софија. Од загинатите, 12 биле деца, меѓу кои и две близначиња. Во тек е истрага за автобусот на компанијата „Беса транс“ што се запалил, а бил дел од четирите автобуси кои […]

Владата на премиерот Зоран Заев си даде колективна оставка

Премиерот Зоран Заев и претседател на владејачката СДСМ вчера по неуспехот што го претрпе партијата на локалните избори на завршната прес-конференција по затворањето на гласачките места изјави дека поднесува оставка од двете функции. – Ја преземам одговорноста за лошите резултати од овие избори, рече Заев и им ја честита победата на политичките опоненти. Според Уставот, […]