Oд утре, 5. мај, полицискиот час ќе започнува од 23 часот

На денешната 68-ма седница Владата на Република Северна Македонија донела одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден. Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат […]

Социјалиситичка партија на Еди Рама победи на парламентарните избори во Албанија

 Претседателот на Централната изборна комисија,(ЦИК), Илирјан Целибаши, ги соопшти резултатите од неделните избори, иако, како што рече, останува за пребројување на гласовите од неколку избирачки места во Тирана и Драч. Најголем број гласови на изборите добил политичкиот субјект – Социјалиситичка партија, 48,7 отсто што претворено во пратенички места значи 74. Изборната коалиција „ПД-Алијанса за промени“, […]

Oд утре забрана за движење од 21 часот, летните тераси на угостителските објекти да работат до 20:30 часот

На денешната седница Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето на КОВИД-19: -Од 28 април забраната за движење почнува од 21:00 и ќе трае до 5:00 часот наредниот ден. Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови […]

Велики Петок и вториот ден на Велигден се неработни денови

Велики Петок пред Велигден (30 април), е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Неработен ден, пак, за сите граѓани на Република Северна Македонија е понеделник (3 мај), вториот ден на Велигден според православниот календар. Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република […]

Koмисијата ќе предложи олабавување на рестриктивните мерки, за Велигден и Бајрам да нема полициски час

 Комисијата за заразни болести ќе ѝ предложи на Владата за претстојните верски празници, Велигден и Рамазан Бајрам, во сабота кон недела и 12 кон 13 мај, да нема полициски час и граѓаните да можат слободно да се движат, со почитување на мерките за заштита-носење маска и држење дистанца, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Оваа одлука, како и […]

Стипендии за студии во Јапонија

Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија (МЕХТ) ги повикува потенцијалните кандидати од Република Северна Македонија да се пријават за Истражувачка студентска програма и  Додипломска студентска програма. Повикот за аплицирање е достапен на веб-страницата на Јапонската амбасада во Скопје, а во објавата на веб-страницата на нашето Министертство за образование и наука се достапни линковите за повеќе […]

МЗ: Оздравени 641 пациенти, починати 39 лица, нови заболени 603

Во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на Ковид-19 во:-Скопје 209 -Куманово 62 -Струмица 39 -Битола 38 -Охрид 36 -Прилеп 31 -Тетово 27 -Кочани 21 -Велес и Штип по 19 -Кичево 14 -Гостивар 13 -Кавадарци 11 -Радовиш 8 -Струга 7 -Виница 6 -Крива Паланка и Ресен по 5 […]

Mуслиманите од утре почнуваaт со постот во месецот Рамазан

Муслиманите во регионот и светот од утре почнуваат со првиот ден од постот во месецот Рамазан, месецот на милост, простување и солидарност… Месецот Рамазан е деветтиот месец од исламскиот календар, а муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и […]

Регистрирани 1.302 нови заболени од Ковид-19, 626 оздравени и 51 починати

Во последните 24 часа од направени 4.438 тестирања регистрирани се 1.302 нови случаи на Ковид-19, како и 626 оздравени пациенти и 51 починати лица, информира Министерството за здравство. Од вкупниот број новорегисртеирани случаи на заболени од Ковид-19 од Скопје се 523, од Битола 119, Куманово 87, Прилеп 55, Охрид 54, Тетово 51, Велес 47, Гостивар […]

Од утре полициски час од 20 часот, од среда затворање на угостителските објекти

Полицискиот час од утре да почнува од 20 часот, од среда целосно ќе се затворат кафеаните, кафулињата, обложувалниците, фитнес центрите, одлучи Владата на денешната седница. Целосна забрана да примаат гости ќе имаат и хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна. Објектите кои вршат […]