Започнува масовната вакцинација, за денеска закажани термини за 3000 граѓани

Масовното вакцинирање на населението против Ковид-19 во земјава официјално ќе почне од денеска во А1 Арената (сала „Борис Трајковски“). Закажани се термини за 3000 граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со руската вакцина „Спутник В“. Во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица од т.н. критична инфраструктура – вработени во МВР, АРМ, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработени […]

Во недела, 28 март, пристигнуваат првите 24.000 вакцини преку Ковакс, зголемен бројот на активни и хоспитализирани со Ковид-19

На 28 март во државава ќе пристигне првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс системот, со што, како што најавија властите, треба да почне вакцинацијата на населението. -Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс системот, објави синоќа на […]

МЗ: Полицискиот час ќе продолжи и неделава

Министерството за здравство информираше дека полицискиот час што беше воведен на 10 март со траење од 22 до 5 часот ќе продолжи. Од таму за МИА велат дека во текот на неделава ќе се разгледа актуелната епидемиолошка состојба и ќе се утврди дали е потребно воведување дополнителни рестриктивни мерки.

524 oздравени пациенти од Ковид 19, нови 642

Во последните 24 часа се направени 2.730 тестирања, а регистрирани се 642 нови случаи на КОВИД-19 во:-Скопје 321 -Прилеп и Велес по 40 -Куманово 27 -Гостивар 23 -Кавадарци 22 -Охрид 20 -Тетово и Неготино по 17 -Штип 15 -Битола и Струмица по 13 -Берово 12 -Делчево 9 -Гевгелија 7-Ресен и Богданци по 6 -Струга и […]

Од утре вечер започува полициски час, ќе трае секоја вечер до 22 март

На денешната седница на Владата донесена е одлука за забрана за движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник). Одлуката за забрана за движење […]

Од понеделник започнува да функционира платниот промет во македонска пошта

Халкбанк соопшти дека ја исполниле својата обврска според која до 1 март требаше да го имплементира системот за наплата за Македонска пошта, што значи дека од понеделник започнува функционирањето на платниот промет во АД Пошта на РСМ. Платниот промет во првата недела ќе биде достапен во повеќе избрани подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2, подружниците […]

Ѓоковиќ се откажал од 1 милион долари од наградата на „Австралија опен“

Тенисерот Новак Ѓоковиќ, кој ја освои 18. Грен слем титула во својата кариера, деветта на Австралија опен, откако во финалето во недела го победи Данил Медведев во три сета, се согласил да му биде исплатена за 1 милион помалку победничката награда. Пред почетокот на турнирот тенисерот се согласил на џентменски договор со организаторите на „Австралија […]

(ВИДЕО) „Паркинзи на Општина Центар“ започна со отстранување на хаварисаните возила

„Ајде заедно да го исчистиме Центар од хаварисани возила!“ е мотото на новата кампања што ја започна ПОЦ. Секој оној кој е соптвеник на вакво возило и сака да бу биде отстрането може да се јави на телефонскиот број 075 476 762, а за отстранетото возило следува и откуп. Видеото погледнете го на следниот линк.

На Шапка 71 сантиметар снег, во Маврово 44

На Попова Шапка е формирана снежна покривка од 71 сантиметар, во Маврово 44, Крушево 41, во Битола 36, Дебар 33, Демир Капија 28, во Тетово и Претор 25, Приле и Штип 24, Берово 22, Охрид 18 и во Скопје 15 сантиметри, информираше УХМР. Најниска температура е измерена на Попова Шапка од -14 степени, а следуваат Маврово […]

Oблачно со врнежи од снег

Денеска не очекува облачно време со врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -5, а минусните температури ќе се задржат и утре со интервал од -8 до -2 степена. Затоплување на времето се очекува од четврток, а дотогаш темературите […]