Џони Деп ќе глуми во продолжението на филмот „Јужен ветер“, ќе биде „наркодилер“

ЗАБАВА FEATURED 1

Актерот Џони Деп ќе глуми наркодилер во третиот дел од филмот „Јужен ветер“. Познатиот холивудски актер следната година би требало да се приклучи на акциониот трилер тимот во режија на Милош Аврамовиќ.

Преговорите за ангажман на Деп почнаа во октомври, за време на неговиот престој во Белград, јавуваат српските медиуми.

„Деп ги запозна актерите и режисерот во октомври минатата година кога беше во Србија на промоција на анимираниот филм „Пафини“, снимен во Србија. Тогаш Биковиќ и Аврамовиќ му кажале дека би сакале да го видат во продолжението на „Јужен ветер“. Деп одговорил дека е многу заинтересиран, но дека прво мора да провери кога има слободни термини за снимање, изјавил извор за српските медиуми, додавајќи дека после тоа продуцентите уште еднаш стапиле во контакт со најпознатиот „пират од Карибите“.

Главниот херој на „Јужен ветер“, Милош Биковиќ, никогаш не криел дека би сакал да сподели кадар со познатиот актер.

Покрај Биковиќ и Деп, во третиот дел од филмскиот хит во режија на Милош Аврамовиќ ќе играат и Миодраг Радоњиќ, Мики Манојловиќ, Јована Стојиљковиќ и Александар Берчек.