Од херој станал осомничен за бомбашки напад на Олимписките игри во ’96, но светот ја дозна приказната

ПРИКАЗНИ FEATURED 2

Ричард Џивел херојски спасил илјадници животи од бомбардирањето на Олимписките игри во 1996 година, откако пронашол сомнителен ранец и ги известил надлежните служби, притоа помагајќи во евакуацијата на луѓето од местото на инцидентот. Неколку дена подоцна, локален дневен весник објавил напис со наслов: ФБИ се сомнева дека бомбата ја поставил спасителот.

Потоа работите почнале да се одвиваат со неверојатен тек, така што Си-Ен-Ен го прочитал целиот текст од весникот на телевизија, а експертите побрзале да го „изанализираат“ Џивел и заклучиле дека тој навистина одговара на психолошкиот профил на бараниот терорист.

За тоа време, Џивел се криел во куќата на неговата мајка, која била заобиколена од сите можни новинари и медиуми.

На крај херојот, по 88 дена тортура, Ричард, бил ослободен од сите обвиненија, но не пред медиумите и ФБИ буквално да му го уништат животот.

Оваа филсма драма снимена според вистински настани е во режија на Клинт Иствуд. Во неа глумат Оливија Вајлд, Сем Роквел, Нина Арианда и други.