Според неколку спроведени истражувања и животните како и луѓето можат повеќе да бидат „деснаци“ или „леваци“. Со само неколку трикови можете да откриете дали вашиот домашен миленик е „десношеп“ или „левошеп“, односно дали повеќе е наклонето да ја користи десната или левата шепа.
Студија спроведена во 1991 година на Универзитетот Ататурк во Турција покажала дека 50 отсто од мачките се „деснаци“, додека 40 отсто од нив се „леваци“, а останатите можат подеднакво добро да ги користат и двете шепи.
Слична студија спровеле и научниците од Универзитетот во Манчестер, кои пак покажале дека кучињата во Англија се рамномерно поделени на „деснаци“ и „леваци“.
Како да дознаете?!
Доколку сакате да дознаете дали вашето домашно милениче е „десношеп“ или „левошеп“, ова можете да го научите со неколку „трикови“:
- Ако сте го научиле вашето куче да ви право здраво со подавање на неговата шепа, забележете која шепа ви ја дава почесто;
- Земете ја омилената плишана играчка на вашето куче во неа ставете малку од неговата омилена храна, а потоа играчката ставете ја веднаш пред кучето; набљудувајте на кој начин, односно со која шепа кучето ќе посегне по играчката, а со која ќе ја држи додека си игра или се обидува да стигне до храната;
- Намачкајте ја муцката на вашето домашно милениче (куче или мачка) со нешто како јогурт и гледајте со која шепа ќе се обиде да се избрише;
- Внимавајте со која шепа мачката се обидува да ја „фати“ играчката со која ја намамувате;
- Според експертите, доколку сакате точно да одредите дали вашето домашно милениче е „деснaк“ или „левак“, овие тестови треба да ги повторите околу 100 пати во следните неколку дена, а резултатот ќе ви го даде одговорот.