Според најновата листа што ја објави „Nedeljnik“, најбогат човек во регионот на поранешна Југославија е Дубравко Гргиќ, роден во Мостар, од Аграм групa.
Гргиќ го нарекуваат „Крал на осигурувањето“, а вредноста на неговата компанија се проценува на 2,8 милијарди долари. Гргиќ е роден 1957 година во Мостар, а по студиите се преселил во Загреб, каде дипломирал на Правниот факултет во 1979 година.
Член е на Хрватската адвокатска комора од 1993 година. Во 2000 година, заедно со неговиот колега П. Пупиќ, ја основа адвокатската канцеларија Гргиќ и Пупиќ, која во 2008 година го промени своето име во „Гргиќ и Партнерите“. Во Компанијата е член на управниот одбор и управител на канцеларијата во Виена. На Правниот факултет на Универзитетот во Зеница е избран за професор на Катедрата за граѓанско право по предметот Осигурително право – според неговата официјална биографија.
Листата на 100-те најбогати во регионот ја составиле експерти од две реномирани консултантски фирми кои работат на Њујоршката берза, во текот на истражувањето користеле поавторитетни мултипликатори од „Stern School of Business New York University“, а студијата ги опфатила и резултатите од пазарните трансакции во регионот и светот.
По Гргиќ следуваат Миодраг Костиќ од „МК Група“ и Мирослав Мишковиќ од „Делта Холдинг“ со 2,7 милијарди евра. Во Топ 10 се и:
-Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ (Инфобип, 2,5 милијарди евра, Хрватска);
-Мате Римац (Римац Група, 2,2 милијарди евра, Хрватска);
-Емил Тедески (Атлантик, 1,6 милијарди евра, Хрватска);
-Петар Матијевиќ (МИ Матијевиќ, 1,5 милијарди евра, Србија);
-Дејан Чакајац и Јадранка Степановиќ (Моцарт, 1,3 милијарди евра, Србија);
-Драган Шолак ( „United Group“ , 1,3 милијарди евра, Србија);
-Миле Ќурковиќ (Плодине, 1,3 милијарди евра, Хрватска).