Паб во Ирска на гостите им наплаќа по две евра секој пат кога ќе речат „ковид“

ПОЗИТИВНО

Еден паб во Ирска одлучил да наплаќа по 2 евра за секое спомнување на зборовие „коронавирус“ и „пандемија“.

Вработените на шанкот ставиле пластична чаша во која секој што ќе рече „ковид“, треба да стави две евра. Иако започнало како шега, на крајот оваа „иницијатива“ се претворила во добро дело.

Менаџерот на „Alt Bar“, Кристофер Мур, изјави дека веќе се собрани 280 евра, а сите приходи ќе бидат донирани во хуманитарни цели, поточно во локалниoт дом за палијативна нега.

„Додека ги служиме гостите на маса, се вклучуваме во сечиј разговор и знаеме za што зборуваат. Без разлика за што и da разговараа, секогаш мораше да се коментира и вирусот. Сакавме да ја промениме атмосферата и да ги поттикнеме луѓето да зборуваат за вообичаените работи“, изјави Мур.

Потоа, тие ја започнале кампањата „GoFundMe“.