Кога ќерката завршила факултет, татко сакал да ѝ одржи лекција па ѝ рекол: „Го заврши факултетот, повели еден подарок, автомобилот што го купив за тебе пред многу години. Бидејќи е стар, пред да ти го префрлам, појди во автосалонот во градот и обиди се да го продадеш, ако ти одговара понудата“.
Ќерката веднаш прашала во автосалонот во градот и ѝ понудуле 1000 евра.
„Ќе ми го купат за 1.000 евра бидејќи автомобилот е многу стар“, му кажала таа на таткото, а тој ја посоветувал: „Почекај малку пред да одлучиш и прашај во друг град, за секој случај“.
Наредниот ден, девојката се вратила дома и му раскажала на татко ѝ:
„Ми понудија 100 евра бидејќи автомобилот е стар и треба многу поправки“.
Тогаш таткото повторно ѝ дал идеја. Ѝ рекол да го однесе автомобилот во авто-клуб каде што има познавачи на стари автомобили и да им го покаже автомобилот.
Третиот ден, девојката се вратила пресреќна.
„Еден човек од авто-клубот ми понуди 500.000 евра за автомобилот. Рече дека е многу редок и во многу добра состојба, а било и многу тешко да се најде“.
Тогаш нејзиниот татко ѝ кажал зошто всушност ја натерал да го направи сето тоа, не се само парите во прашање:
„Сакав да ти покажам дека си безвредна ако си на погрешно место. Ако не си ценета, не си задоволна, не се разочарувај, тоа значи само дека си на погрешно место. Затоа никогаш не дозволувај да те користат тие што не знаат да ја ценат твојата вредност“.