Се откажува концертот на Владо Јаневски поради здравствени причини, парите за билетите ќе бидат вратени

ЗАБАВА FEATURED 1

Avalon International Booking соопшти дека концертот на популарниот пејач Владо Јаневски се откажува. На сите оние кои досега купиле билети преку овластените платформи парите ќе им бидат вратени, а нов концерт ќе биде закажан на пролет, следната година.

Во продолжение целата објава на организаторите:

Почитувани,

Ве информираме дека поради вчерашнта, новонастаната здравствена состојба на Владо Јаневски, после која нема 100 процентна сигурност дека ќе биде способен да го одржи закажаниот концерт на 27 декември во СЦ Јане Сандански, како и други одредени технички причини кои ги има овој проект во моментов, заедно со Владо донесовме одлука концертот да се одржи во период март – април 2025.

За точниот датум ќе бидете информирани веднаш после Нова година.

До сега купените влезници преку ticketx.mk и karti.com.mk НЕМА ДА ВАЖАТ за концертот на пролет, а средствата од влезниците ќе ви бидат рефундирани од страна на тикетинг сервисот од кој ги имате купено вашите влезниците.

Сите оние кои имаат купено влезници од некое од продажните места на ticketx.mk и karti.com.mk. потребно е да се обратите на истите за рефундација на средствата.

Од наше име и oд Владо Јаневски,

Ви благодариме за разбирањето.