Со години биле неактивни, сега се „будат“ и вредат вистинско богатство

ПАРИ FEATURED 1

„Паричник“ со биткоини во вредност од милиони долари излезе на виделина.

Од досега непознати причини, од овој дигитален паричник не се вршеле трансакции со години, и покрај тоа што содржи пари што го менуваат животот.

Последната трансакција од овој „паричик“ била во 2013 година, неколку години по исчезнувањето на мистериозниот креатор на биткоинот Сатоши Накамото. Во „паричникот“ моментално има биткоини во вредност од 15 милиони долари, а не е јасно кој е сопственик на оваа сметка, зошто била неактивна или зошто е повторно активирана, пишува „Cointelegraph“.

„Паричникот“ има 321 биткоини. По осум години, вредноста на оваа сума се зголемила од 6.594 долари на неверојатни 15.103.046 , или за речиси 2.300 пати повеќе. Интеренет заедницата на Биткоин е преполна со шпекулации за тоа кој е сопственик на паричникот и зошто по толку време излегол „на површина“. Некои веруваат дека тоа би можело да биде поединец или група со големи залихи на биткоини, кој/кои ќе го потресат пазарот.

Еден корисник на Твитер наведе неколку можни причини за активирањето на „паричникот“. Според него, постојат повеќе можности, од тоа дека Сатоши Накамото одлучил да се врати, или се работи за некој трпелив инвеститор кој ќе ги продава своите биткоини, до некој кој сега се сетил на својата инвестиција и е подготвен да ги продаде своите биткоини.

Во последните месеци повторно се активирани неколку неактивни биткоин паричници од периодот од 2011 до 2013 година, од кои сега секој содржи биткоини во вредност од неколку десетици милиони долари. На 19 септември, сопственик на неактивен биткоин паричник ја испразнил својата сметка и сите свои 616 биткоини ги префрлил на различни сметки.

Старите и неактивни паричници од раните денови на биткоинот што сега повторно се актиираат, на контото имаат големи количини на криптовалути. Раните инвеститори кои инвестирале неколку стотици долари и ги задржале своите криптовалути, сега се милионери.