(ВИДЕО) Инженер прави големи пирамиди од мраз за да складира вода

ПОЗИТИВНО SLIDE

Сонам Вангчук живее и работи во регионот Ладах во Индија, што се наоѓа високо на Хималаите.

Оваа планинска област знае да биде многу сурова особено поради долгиот период на недостиг на вода како резултат на климатските промени. Сонам, кој е инженер и едукатор, пронашол едноставен, но генијален начин за складирање вода користејќи вештачки „пирамиди“ од кои ќе се наводнуваат дрвјата и посевите и сето тоа користејќи ја природата.

Ладах е регион сместен на 3 километри надморска височина и во него има приближно 200 села. Во текот на зимата температурата често се симнува и до – 30 Целзиусови степени, а нема многу дожд во текот на годината. Жителите, кои најчесто се сточари, користат вода од „пирамиците“ на овој инженер.