(ВИДЕО) Судија ослободи 96 годишен обвинет за „брзо возење“, причината е затоа што е добар човек

ПОЗИТИВНО SLIDE

Франческо „Френк“ Каприо е американски адвокат, политичар и работи како главен општински судија во Провиденс, Род Ајленд. Toj e и поранешен претседател на Одборот на гувернери на Род Ајленд. Неговата судска работа се емитува и во телевизиската програма „Caught in Providence“.

Во ова видео тој ослободува 96 годишен човек кој „вози само кога мора“ и „вози бавно“, а во случајот го носел на доктор неговиот 63 годишен син кој имал рак, но и пречки во развојот.

Обвинетиот е обвинет за прекршување на дозволената брзина за движење на пат во близина на училиште и се соочува со казна за „брзо возење“.

„Не возам толку брзо, возам бавно и само кога морам“, вели обвинетиот 96 годишен татко.

„Вие сте добар човек, вие сте тоа она за кое Америка треба да биде Америка. Слободен сте“ рече судијата.

https://www.youtube.com/watch?v=O1Vt894c7Ks

Во еден момент судијата се пошегува со обвинетиот дека е лош пример за неговиот син затоа што кога ќе има 90 години ќе треба „да го вози наоколу“, на што старецот вознемирено рече „Не“.

Откако го отфрли неговиот случај, судијата му посака добро здравје и се најдобро.

Целото видео погледнете го на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=wJB3cXsYYak