Кога станува збор за непланирани посети на лекар, една од најчестите причини се стомачните проблеми. Иако постојат многу причини зошто ви се случува ова, стомакот е како „пандорина кутија“ велат абдоменалните хирурзи, сепак најчеста дијагноза е проблеми со желудникот, кој е иритиран или воспален.
Поради болките во стомакот, често мораат да откажат секојдневните работни задачи, а агонијата може да трае и неколку дена.
Постојат навистина многу можни причини, а по откривањето на точниот предизвикувач на непријатноста во стомакот и мачнината, неопходно е да се избере вистинскиот лек кој ќе ви помогне.
Секако треба да бидете свесни дека чекањето може само да ја влоши ситуацијата и да доведе до компликации, но на проблемот треба да му се пристапи внимателно.
Луѓето обично веднаш се одлучуваат да се напијат некој лек, речиси и несвесни дека можат да го смират својот стомак на многу побезбеден начин. Некои од решенијата, веројатно ги имате на располагање во вашата градина и кујна.
Постојат многу природни лекови со кои навистина вреди да се обидете да ги ублажите симптомите како гадење и болка или да му помогнете на процесот на варење. Ова е многу побезбеден начин отколку „лек на своја рака“, без големи трошоци и несакани ефекти.
Што е тоа што најчесто ја предизвикува болката?!
За среќа, најчестите причини за проблемите со органите за варење, каков што е и желудникот, не се сериозни, а симптомите може да се ублажат или елиминираат во рок од неколку часа.
Тоа може да биде, на пример, труење со храна, прејадување, дијареа или запек, како и дигестивни проблеми.
Како пример може да биде гастритисот поради кој се воспалува и иритира слузницата, како и гастроентеритис и дуоденални улкуси.
Голем процент од жените имаат стомачни проблеми за време на менструалното крварење.
Природни лекови што го смируваат стомакот
Нане
Нането го смирува желудникот и го поттикнува варењето. Ова растение долго време се користи во лекувањето на стомачните проблеми кои се придружени со симптоми како надуеност и мрзеливост на цревата. Нането успешно ги стимулира варењето и апсорпцијата на хранливите материи, а ги намалува и болните грчеви.
Етеричното масло од нане го стимулира влегувањето на жолчната киселина во дуоденумот, каде што започнува варењето.
Нането, исто така, е одлична превенција за чир на желудникот. Тоа ги елиминира и микроорганизмите кои се вообичаени причинители за дигестивните проблеми.
Ако чувствувате гадење, неколку пати вдишете го мирисот на есенцијалното масло од нане.
Доколку имате проблем со грчеви во стомакот, нежно масирајте го стомакот со кружни движења со неколку капки од ова масло. Концентрирајте се на левата страна на стомакот за време на масажата доколку ве мачи надуеност.
Ким
Кимот е одличен за надуеност во стомакот и ги ублажува грчевите. Со неговата консумација многу брзо надуеноста ќе се повлече, а со тоа и чувството на тежина во стомакот. Кимот ги ублажуваат грчевите во стомакот и често се користи кај бебиња и мали деца.
Во сад за варење ставете околу 200 мл вода и оставете ја течноста да зоврие. Додадете прстофат мелено семе од ким, малку сол, малку мелен ѓумбир и половина кафена лажичка семе од анасон.
Оставете да поврие околу 5 минути, а потоа оставете го на страна да се олади. Процедете и пијте по една чаша на ден.
Сода бикарбона
Содата за готвење го смирува желудникот – ја неутрализира желудочната киселина и ја лечи горушицата. Таа ја неутрализира желудочната киселина и на тој начин ги намалува киселните во желудникот. Со консумирање на сода бикарбона во вашиот желудник предизвикувате хемиска реакција, ја ублажувате стомачната киселина и го елиминирате многу непријатното чувство на печење во пределот на градниот кош.
Содата бикарбона го олеснува и растворањето и искористувањето на мастите внесени преку храната и го забрзува варењето без никакви тешкотии. Овој бел прав може да послужи како превенција против подригнување и надуеност.
Истурете половина лажичка сода бикарбона во чаша млака вода, промешајте и испијте веднаш.
Пијте по една чаша од оваа течност дневно најмногу две недели.
Суви смокви
Смоквите се одлични за стомачните проблеми. Помагаат при варењето на храната, како и при чувство на гадење, при повраќање и при запек.
Овие лековити и хранливи својства смоквите ги имаат благодарение на високиот процент на лесно сварливи влакна, витамини, минерали и масни киселини од омега-3 и омега-6 групите.
Во една тегла ставете 40 суви смокви и прелијте ги со маслиново масло.
Затворете ја теглата и почекајте 40 дена пред да ја консумирате.
Јадете по една смоква на ден пред секој главен оброк.
Камилица
Понекогаш ова е најлесниот и набрзиот начин да му помогнете на вашиот желудник, а ретко кој нема чај од камилица во својот дом.
Камилицата успешно го смирува желудникот и го олеснува варењето. Камилицата ќе ве ослободи од вишокот гасови и ќе го намали воспалението на слузницата на желудникот. Преку контролирањето на стомачната киселина, камилицата помага и во лекување на чир на желудникот и дуоденумот.
Ставете 250 мл вода да зоврие. Тргнете го садот од оган и во истата вода додадете грст свежи цветови од камилица.
Почекајте 5 минути, процедете и консумирајте. Пијте по максимум две дози чај секој ден.
Алое вера
Алоето има антибактериско и антиинфламаторно дејство, што значи дека ефикасно се бори со слободните радикали кои го попречуваат варењето и го ублажуваат иритирањето.
Ѓумбир
Ѓумбирот е ефикасен за стомачни проблеми. Тој ќе ублажи многу симптоми кои се типични за проблематичен стомак, а особено добро се покажал во ублажување на болки и грчеви, како и во лекување на гадење и повраќање.
Ѓумбирот исто така го стимулира здравото варење и искористувањето на сите внесени хранливи материи.
Во чаша изрендајте мало парче свеж корен од ѓумбир ( со тежина не повеќе од 4 грама) или прстофат ѓумбир во прав и прелијте го со топла вода.
Почекајте неколку минути и потоа испијте го лекот. Се препорачува да се користи еднаш дневно.
Куркума
Куркумата успешно ја третира стомачната болка и надуеноста и го спречува повторувањето на овие симптоми. Жолтата куркума во прав исто така ќе ви помогне да се ослободите од дијареата и проблемите со варењето.
Таа го зголемува и лачењето на хормони кои се одговорни за одржување на здрав дигестивен процес, а особено го ослободува организмот од непријатните гасови.
Додадете 10 грама куркума во прав во чаша пробиотски јогурт.
Добро промешајте и консумирајте веднаш.
Постапката повтувајте ја секое утро пред јадење.
Извор: Prirodnolecenje.com