„Прославувајќи го вчерашниот меѓународен ден на мајчиниот јазик, Обединетата Mакедонска Дијаспора (ОМД) им се обрати на дигиталните и технолошките тимови на некои од најголемите глобални брендови, со прашање дали имаат временска рамка за вклучување на македонскиот јазик на Нетфликс, Твитер, Амазон Прајм и на деловните страници ЛинкдИн“, соопштија од Обединетата македонска дијаспора (ОМД). „Во странство, многу Македонци се загрижени дека нивните потомци се во опасност да ја изгубат јазичната врска, ако таа врска не може да се зајакне преку секојдневни активности, како дружење со популарните серии. Имајќи ја предвид големата побарувачка и пазар за нив, од суштинско значење е на сегашните и на идните говорители на македонскиот јазик да им се нудат услуги на нивниот јазик, подеднакво како што е понудата и на другите јазици. „Контактираме со различни организации и сервиси, вклучувајќи ги Линкдин и Нетфликс, за да разјасниме дали планираат да вклучат услуга за превод на македонски јазик како дел од нивните производи. Тука има две клучни насоки: бизнис и забава. Можеби не очекуваме дека Нетфликс или Амазон ќе понудат услуга за превод преку ноќ за сите наши омилени емисии, но треба да има временска рамка за усвојување. ЛинкдИн, од друга страна, како и други технолошки платформи, го употребуваат стотици илјади Македонци ширум светот. Усвојувањето е неконзистентно. Треба да им биде приоритет на нашите лидери да се осигураат дека сите Македонци имаат пристап до комерцијалните дигитални можности. Ако сме серизни и се нафатиме да го направиме македонскиот јазик трговски и економски центар, тоа е процес што треба да работи и на двата начина. Луѓето треба да се разберат едни со други за да го заштитат македонскиот јазик, да ја прошират неговата употреба и да им овозможат на нови ученици да го научат“, вели Мишко Јосифов, член на УО на ОМД. „На многумина во Македонија најлесно им е да гледаат емисии со англиски, хрватски или српски преводи. Иако некои емисии вклучуваат синхронизација, има јасен простор за проширување на користењето на македонскиот јазик“, стои во соопштението на ОМД. |