(ВИДЕО) 5 годишно девојче прави 80 салта за 53 секунди

Секој од нас се обидувал да направи некакви опасни потези како дете, но ова 5 годишно девојче од Кина е мајстор во својот занает. За 53 секунди таа направи дури 80 салта, или 82 според некои, бидејќи тешко е дури и да се изброи. Ли Јиамин живее во северниот кинески град Ксинжу, а тренер ѝ […]

(ВИДЕО) НАСА го изведе првиот лет на хеликоптер на Марс

Малиот самоуправувачки хеликоптер „Генијалност“ (Ingenuity) успешно се одвои од почвата на Марс. За првпат во историјата, по неколку одложувања на претходно објавените датуми, НАСА денеска успеа да го подигне хеликоптерот од тлото на Црвената планета во 9,30 часот. НАСА претходно го одложи летот на ден пред да се случи првично закажаното полетување, поместувајќи го времето […]

Втора успешна трансплантација на срце

 Неколку часа по полноќ на Клиниката за кардиологија зачукало ново срце на 27-годишно момче од донор од девојка на слична возраст која починала како последица од сообраќајка. Министерот за здравство Венко Филипче за МИА потврдил дека операцијата е успешна. -Срцето е прифатено, пациентот постепено се буди, истакна Филипче. -Ова е втора извршена трансплантација на срце […]

(ВИДЕО) Инженер прави големи пирамиди од мраз за да складира вода

Сонам Вангчук живее и работи во регионот Ладах во Индија, што се наоѓа високо на Хималаите. Оваа планинска област знае да биде многу сурова особено поради долгиот период на недостиг на вода како резултат на климатските промени. Сонам, кој е инженер и едукатор, пронашол едноставен, но генијален начин за складирање вода користејќи вештачки „пирамиди“ од […]

Прва анти-стрес соба во Скопје: Скрши чаши и чинии и ослободи се од напнатоста

Стресот и напнатоста можат да предизвикаат сериозни последици по здравјето на луѓето, особено ако не практикувате начини да се ослободите од нив, како на пример, спрот, пешачење…. Последен хит во светот се анти стрес собите, а една таква има и во Скопје, објави Женски магазин. Пред да се влезе во собата се облекува заштитна опрема, […]

Зошто се празнува 8 Mарт?

Правата на жените отсекогаш биле интересна тема за дискутирање, особено затоа што ги има на хартија, но во пракса ретко кога се применуваат.Неспорно е дека на овој ден жените го добиваат потребното внимание, подарок, цвеќиња, па дури и слобода дома „ништо да не фатат“, но останатите денови секојдневието сведочи за нешто друго. Всушност овој ден […]

21 годишна наставничка од Битанија е најмладата жена која го преминала Атлантскиот океан

Дваесет и едногодишната наставничка од Велика Британија, Џасмин Харисон, стана најмладата жена која го преминала Атлантскиот океан, за 70 дена, три часа и 48 минути. -Сè што сакав е искуството, а за време на патувањето најмногу ми недостасуваше храна – истакна Џасмин, одговараќи на новинарските прашања откако веслајќи го премина Атлантскиот океан. Таа истакна дека […]

Се падна стан од „Доме, сладок доме“

Државната лотарија објави дека извлечен е стан од инстант лозот „Доме, сладок доме“. „Освоен е стан, за само 100 денари, на инстант лозот „Доме сладок доме“ на Државна лотарија. Семејство од с.Аравати, Ресен, на инстант лоз купен во Кавадарци „изгреба“ стан во Скопје Државна лотарија, со радост ви го претставува семејство Секуловски – првите добитници […]

За прв пат ќе слушнеме како звучи ветерот на Марс

Скопското астрономско друштво на својот Фејсбук профил објаснува што следува по слетувањето на роверот Истрајност на планетата Марс: „Се будиме полека. Роверот Истрајност (Perseverance) пред два дена слета во кратерот Језеро на Марс. Сега останува да му се смени софтверот за слетување со софтверот за работа на Марс. Полека ќе се проверува дали сите системи […]

Хероите доаѓаат во разни форми и облици, понекогаш и на четири нозе: Maче – херој, спасилo две дечиња од змија – отровница

Семејниот мачор Артур ќе остане запаметен како херој откако ги спасил двете мали деца од семејството чиј миленик бил, од една од 10-те најотровни змии во Австралија. Мачорот уживал во дневните активности на семејство во нивниот дом во Австралија, кога австралиска кафеава змија влегла во градината каде што си играле децата. Артур веднаш ја забележал […]