Денешните часовници често служат како неопходен моден додаток, но и симбол на општествениот статус.
Без разлика дали станува збор за рачни часовници или џебни часовници, нивната основна функција одамна го надмина фактот дека тие служат само за покажување на точното време. Токму тоа го потврдуваат овие импресивни примероци на најскапите часовници во светот.
10. Breguet 1907BA / 12“ џебен часовник – 734.000 американски долари
Оваа копија е дело на компанијата „Breguet“, основана уште во 1775 година во Париз од Абрахам-Луј Бреге, пронаоѓачот на т.н. Турбилон механизам. Куќиштето на часовникот е изработено од 18-каратно злато.
9. Blancpain 1735 – 800.000 долари
Овој примерок е дело на швајцарски инженери и се смета дека е еден од најкомплексните механички часовници во светот. Во прилог на ова е фактот дека биле потрошени повеќе од шест години за финализирање на неговиот дизајн. Телото на овој убавец е направено од платина, а ременот е од крокодилска кожа. Постојат само 30 вакви часовници во светот.
8. Louis Moinet Magistralis Parmigiani Fleurier Tecnica Skeleton Chronograph – 850.000 долари
Причините зошто првата копија на овој часовник е толку скапа, треба да ги барате во куќиштето од 18 карати. Таму, меѓу другото, има парче метеорит стар две илјади години. Втората копија е украсена со платина, а во светот можете да најдете само 3 вакви примероци.
7. Jacob & Co. Crystal Tourbillon – 900.000 долари
Овој интригантен примерок го краси куќиште изработено од 18 каратно бело злато, покриено со багети од дијаманти со тежина од 17,48 карати. Ременот е, се разбира, изработен од крокодилска кожа, а и тој е украсен со дијаманти. Вкупно, биле изработени само 18 парчиња.
6. Blue Tourbillon – 1.000.000 долари (околу)
Рачен часовник што ја допира магичната граница од еден милион американски долари. Тој е украсен со 850 дијаманти, а е произведен само во 10 примероци. Кутијата на вториот примерок е направена од 18-каратно бело злато и украсена со 544 багети од дијаманти, со вкупна тежина од 34,5 карати. За производство на оваа уникатна копија биле потрошени 2000 работни часови. Третиот рачен часовник со цена од еден милион американски долари е произведен во ограничена серија од само 30 парчиња. Украсен е со куќиште и лента од платина, со додавање на 568 багети – дијаманти и 234 багети – сафир.
5. Chopard Super Ice Cube – 1,1 милион долари
Овој примерок во целост е покриен со дијаманти со тежина од 60 карати.
4. Patek Philippe Sky Moon Tourbillon / Vacheron Constantin Tour de l’Ile – 1,5 милион долари
Освен фактот што се состои од 688 делови, вклучувајќи ги и оние што може да се измерат само со микроскоп, вреди да се напомене дека првиот примерок има две лица. Поинтересно е што ја покажува и положбата на ѕвездите, фазите на месечината итн. Втората копија некогаш ја имаше титулата најсложен рачен часовник во светот. Неговиот механизам, се состои од 834 одделни делови и е сокриен под куќиште направено од 18-каратно злато. Верувале или не, за составување на сите тие делови и да се добие финалниот продукт – овој часовник, биле потребни 10.000 работни часа.
3. Blancpain Tourbillon Diamants – 1.800.000 долари
Целосно покриен со дијаманти, поточно 480 од нив, со вкупна тежина од 58 карати.
2. Piaget Emperador Temple – 3.300.000 долари
Два рачни часовници во еден, така накратко би можел да се опише овој спектакуларен примерок. Однадвор кутијата на часовникот е покриена со 481 дијаманти и 207 багети, додека внатре е украсена со 162 дијаманти и 11 багети. Комплетната слика е заокружена со ременче обложено со 350 багети дијаманти.
- И на крај, часовникот – рекордер, вреден 11 милиони долари.
Овој примерок е произведен во 1932 година од швајцарски производител. Се работи за џебен часовник, а како што навестува и неговото име, се работи за многу комплициран уред, што го потврдува и фактот дека извршува 24 одделни функции. Изработката на овој часовник траела неверојатни четири години, а куќиштето е изработено од 18-каратно злато.